Три супер трикови против непријатниот мирис на обувките

Омилените чевли по целодневно носење неминовно непријатно ќе замирисаат. Но, не станува збор за лоша хигиена на стопалата туку за спој на пот и чевли што создава совршена околина за бактерии.

За да го намалите или решите тој проблем не мора да ги фрлите обувките или да ги уништите со перење туку да најдете решение во вашиот дом. Ви откриваме 3 експресни решенија против непријатните мириси на обувките

1. Во внатрешноста на обувките ставете сода бикарбона и оставете да отстои цела ноќ. Наутро истресете или исчеткајте го правот и од непријатниот мирис нема да има ни трага.

warning-smelly-shoes

2.Ако сакате дополнително да ги освежите обувките во шише со распрскувач помешајте алкохол, вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал и распрскајте во обувките и оставете целосно да се исуши.

3.Во памучни чорапи ставете прашок за пециво, сода бикарбона и пченкарно брашно и ставете ги во обувките. Оставете да отстои преку ноќ, а веќе наутро обувките ќе ви бидат свежи.

- Реклама -