Во Атланта сите се во паника, а причината за тоа се „дури“ 3 см снег.Медиумите се полни со приказни за тоа како граѓаните ги напуштат своите автомобили сред улицата, бебе се родило во сообраќаен метеж, училиштата не работат, итн.
Насобраниот снег е помеѓу 3 и 6 см, но тоа е многу за луѓето таму. Метежот по улиците е огромен, а интернетот полн со слики од катастрофалната ситуација.