Сопствениците на кучиња своите миленици ги сметаат за членови на семејството.
Иако ова животно е можеби најверниот придружник и пријател, сепак станува збор за животно кое комуницира со животната средина на сосема поинаков начин од луѓето. Ако сакате вашето куче да биде среќно и притоа да го научите неговиот јазик, променете ги рутините и избегнувајте ги следните изливи на љубов.
1. Гушкање
Прегратктата е една од најинтимните човечки гестови преку која изразуваме среќа и љубов кон некого. И додека за нас претставува задоволство, на нашиот домашен миленик не му се допаѓа. Поточно, кучињата немаат раце и оваа реакција за нив е непозната. Во кучешкиот свет прегратката, односно кога едно животно ги стави шепите на друго, тоа значи доминација и обид за освојување.
Иако вашето куче го обожава вашето внимание и допири, знајте дека секое гушкање тоа го гледа како вашето докажување на моќ, а никако како награда и мазење.
Ако забележите како вашето куче додека го прегрнувате ја врти главата, или се оближува со јазикот преку нос, тоа значи дека му е непријатно. Ако сакате да покажете колку го сакате, поиграјте си со неговата омилена играчка или наградете го со омилената храна.
2. Тапкање по главата
Иако е многу честа оваа појава, на кучињата воопшто не им е драга и пријатна. Тапкањето по глава или уште полошо, по муцката кај кучињата предизвикува непријатност. Повторно станува збор за доминација во која вашата дланка го покорува кучето. Иако вашиот домашен миленик со задоволство ќе го прифати секој ваш допир, имајте на ум дека ова за нив навистина не претставува толкаво задовлство колку што мислите.
Таквата човечка реакција особено треба да се избегнува ако му пријдете на чудно и непознато куче, бидејќи животното може да се почувствува загрозено. Ако сакате да го пофалите или расположите вашето куче почешајте го по грбот или уште подобро, по задниот дел од грбот, над опашката, и тоа ќе ви биде многу благодарно.
3. Слобода на однесување
Кучињата обожаваат рутина и дисциплина, што значи дека ако му наметнете на вашиот домашен миленик некои правила и забрани во кучешките очи тоа не значи дека сте строги и лоши сопственици. Напротив, кучињата од вас како лидери, очекуваат повратна информација за работите кои се добри и дозволени и оние кои се строго забранети.
Кучешкиот мозок функционира на ниво на дете од три или четири години. Токму во тој период децата ги тестираат своите родители и ги искористуваат предностите на „попуштање“ во своја полза, а единствениот лек за ваквото однесување е доследност. Исто е со кучињата, каде кај дресирањето на животното „не“ мора да значи „не“.
Кучињата не разбираат дека смеат да скокаат на вас кога сте во домашна облека, но не смеат кога сте облечени за работа. Исто така, животните не разбираат зошто смеат да седат на фотењата кога се чисти, а не смеат кога се извалкани по прошетката. Ако сакате вашиот миленик да биде среќен, а вие горди на неговото однесување почитувајте ги правилата без исклучоци.