Чувството на глад може да биде толку многу непријатно што поради него и најупорните се откажуваат од држењето диета. Но, постојат и природни и брзи трикови кои проверено и лесно ја ублажуваат гладта. Еве три од нив:
1. Вода
Чувството на глад е причинет од празниот стомак кој има потреба за храна но и за вода. Доколку планирате да изгубите неколку килограми, пијте во текот на целиот ден огромно количество вода. Освен што ќе го прочисти вашето тело, водата максимално ќе го ублажи чувството на глад меѓу оброците.
2. Вежбање
Размислете кога чувството на глад е најсилно? Одговорот е мошне едноставен – кога ви е досадно. Досадата понекогаш несвесно ве тера да посегнете по храна. Но, наместо на тој начин да го трошите времето, направете нешто целосно спротивно. „Убијте“ го времето и досадата со помош на вежбање. Тоа го забрзува метаболизмот, го обликува телото и во овој случај, ќе ви го одвлече вниманието од гладта.
3. Искреност
Грицките меѓу оброците се најлош непријател за секој кој планира да изгуби некој килограм. Освен што станува збор за внесување на непотребни калории, речиси нкогаш немате мерка за тоа колку сте изеле. Токму зарад и тоа обидете се да бидете искрени кон себе. Запишете се што сте изеле меѓу оброците и обидете се грицките да ги замените со вода или чај.