Дали сте зависни од вашиот мобилен телефон? Или знаете некој кој има потреба од интервенција за својата зависност од мобилните уреди? Ви предлагаме неколку интересни иновации, што можат да ви бидат од голема помош. Пронајдовме три начини како мобилните телефони да бидат вон дофат, принудувајќи ве да учествувате повеќе во реалниот живот.
1.Вознемирувачки чанти- Достапни со различни слогани и приспособени со имиња, чантите имаат бројни безбедносни печати кои се одликуваат со ункатни кодови. Совршен е за пријател на кој му треба помош од зависноста со телефони. Чини 22 долари.
2.Кафез за заклучување на мобилниот телефон– Во простор со повеќе телефони и тајмер опција за отклучување на кафезот, овој производ е дизајниран за правење пауза од употребата на мобилните телефони за време на фамилијарни моменти како време за оброци. Совршен е за фамилии или двојки кои сакаат да уживаат во заедничките моменти без да бидат во допир со телефоните. Чини 16 долари.
3.Blokket– Се карактеризира со две фрази збогум телефон, здраво свет или мојот телефон е икслучен за тебе. Ова блокирање на сигналот на вашиот телефон работи како учтив гест за да им покаже на луѓето околу вас дека вие го цените нивното друштво повеќе од вашиот телефон. Совршен е за секој на кој му треба потсетување да се отргне од телефонот и да се вклучи во реалниот свет. Чини 29.95 долари
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk