Колку и да звучи неблагодарно, мора да се признае дека не се сите обожаватели на свадби.
Орото е забавно, ама не доколку истото трае со часови. Но, да погледнеме од еден друг апсект, што е она што е секогаш интересно на свадбите? Ви нудиме 3 причини поради кои свадбите и не се толку досадни, макар и кога се сите со истиот традиционален концепт.
Пирошки
Дали сте и вие од оние, што како мали кога и да слушневте свадба ви паѓаше на памет пирошката, која не можете да ја најдете на друго место. Можеби и ден денес се нервирате кога младоженците се одлучуваат за поинаква порција.
Гага пиење
Пораснавте, па можеби пирошката ви падна позиција или неколку подолу. Сепак, сега повеќе се радувате на седењето на маса со родините и средбите кои се случуваат од свадба-на свадба… Сетоа тоа во комбинација со бесплатното јадење и неограничено пиење? Да живее невестата и една песна за кумот!
Бидермаер
Ако сте девојка можеби се уште му се радувате, ако сте жена сте љубопитни, но ако сте момче, епа тоа е совршената сцена за сеир, особено кога две девојки ќе го фатат „истовремено“.