Tри нови улоги во рекламниот бизнис

Филмовите како „Како да се успее во рекламирањето“ (How to Get Ahead in Advertising / 1989), „Што сакаат жените“ (What Women Want / 2000) и сериите како „Момчињата од Медисон“ (Mad Men) и „Верувај ми“ (Trust Me) ги направија популарни во текот на годините позициите во рекламниот бизнис како креатив директор, копирајтер, арт директор, графички дизајнер, смедководствен директор, продуцент, комерцијален менаџер.

Маркетингот сепак е област, којa што се менува многу брзо. Со напредокот на технологијата и дизајнот, во него се појавуваат нови позиции. Еве три од нив, кои влегуваат во рекламните агенции низ светот.

Директор на социјални медиуми

Негова должност е да го води целокупниот маркетинг во социјалните медиуми на клиентите. Работата е тешка, бидејќи вклучува обврски надвор од работниот ден – кампањите на социјалните медиуми се развиваат 24 часа од денот, 7 дена во неделата. Тој е одговорен за стратегијата на селекцијата и објавувањето на содржината на страниците на социјалните медиуми на клиентот. Работи на промоција на брендот онлајн, како и зголемување на сообраќајот на фирмата преку употреба на повеќе платформи. Идејата е преку сите овие активности да се создаваат приходи за брендот. Директорот на социјалните медиуми ја користи креативноста на колегите во неговата агенција и на вработените на компанијата што се јавува како клиент, за да ја реализира својата визија за развој на брендот. Во оваа работа е потребно и доста креативно размислување, во комбинација со одлични познавања на дигиталниот пејзаж, како и личен интерес за случувањата во својата мрежа и онлајн заедниците. Добриот директор на социјалните медиуми е истовремено активен. Тој создава можности.

creative-marketing-agency

Онлајн менаџери

Има значително зголемување на побарувачката на овие експерти. Тие се занимаваат со тоа да создадат или пишуваат содржини што би им се допаднале на луѓето и би ги споделиле на интернет. Овој тип на менаџери соработуваат во работата со менаџерите на социјалните медиуми и медиумските директори во агенциите за да се зголемуваат онлајн заедниците на страниците на брендовите во платформи како што се Facebook, Twitter, Instagram, Pinterest и Vine. Веројатно ги користат овие сајтови во секојдневниот живот, за да знаат како функционираат. Работата на онлајн менаџерот е да прилагодува содржини на профилот за мноштвото различни клиенти. На пример една публикација на Фејсбук за „Дурекс“ би изгледа и звучела многу различно од друга за „Омега перниците“ или „Гала кујна“. Овој професионалец е креативен камелеон кој се развива и умее да еволуира спрема секој клиент. Неговите пораки се својствени на брендот и во исто време многу погодни за споделување.

Advertising-Agency

Менаџер на промоции

Да не се меша со ПР менаџерот. Менаџерот на промоции работи рака под рака со ПР и маркетинг тимовите, за да создава настани за компании, од кои што се раѓаат вести. Работата му е да обезбеди сите настани кои се состојат за клиентот, да изгледаат како составен дел од целокупната маркетинг и ПР кампања, која ја води фирмата. Налејте нови идеи, создавајте атракции во надворешната средина, носете го брендот до нови територии – сето тоа, за да се создаде масивно враќање на инвестицијата. Промоциите, со кои работи, може да се движат од нешто многу едноставно како делење флаери и подароци во трговските центри, до нешто скапо и извонредно, како концерт на отворено или вирално видео. Овој вид менаџери жонглираат. Работата им е напната, а истата може да биде исполнета со многу патување и средби со ѕвезди. Платата обично не е голема, повеќето од нив се во бизнисот поради интересната професија и социјалните бенефиции.

marketran-advertising

Благодарност до VIA Marketing што ни ги разјасни овие поими и области кои активно работат во рамки на нивната маркетинг агенција.

- Реклама -