Три најдобри пози за утрински секс

Се чувствувате уморно наутро? Наместо шолја кафе, постои доста подобар начин за квалитетно да се разбудите. Станува збор за утрински секс. Истражувањата покажале дека токму овој облик на физичка активност наутро ослободува окситоцин, хормон на добро расположение кое ќе ве следи во текот на целиот ден. Затоа, изненадете го вашиот партнер на неговиот омилен начин и тоа со една од најдобрите пози за почеток на денот.

1. Странична

Оваа поза во светот е позната под името „spooning“, а е инспирирана од положбата на две лажици кои се перфектно припиени една во друга. Ваквата поза доаѓа речиси инстинктивно наутро, со обзир дека жените не ретко се будат свртени на едната страна, во прегратките на партнерот. Удобна положба која е одличен вовед во врелите игри.

tumblr_m0g37mR4Hm1qb8aeto1_500

2. Превртена „каубојка“

Мажите едноставно ја обожаваат оваа поза, а таа може и да биде одлично размрдување за утринската забава. Нема ништо подобро од тоа да му припуштите на вашиот партнер добра претстава а во исто време да уживате и самите во неа. Во оваа поза жените се тие кои одлучуваат за тоа какво ќе биде темпото, а мажите во потполност уживаат.

3. Напредна мисионерска положба

Оваа поза овозможува длабока пенетрација, која можеби е вистинско решение за двајцата да ги наполните батериите пред да заминете на работа. Станува збор за мисионерска положба во која нозете на жената се наоѓаат на рамената на мажот. Оваа поза овозможува директен контакт со очи, што дополнително ќе ве возбуди.

- Реклама -