Три најбрзи летни диети

Одберете една од мини диетите кои ви ги предлагаме, придржувајте се до препорачаната исхрана само еден ден, и гледајте како се топат килограмите.

Диета со овошје и зеленчук

fruit_veg_salad_2

Како делува: Во овошјето и зеленчукот се наоѓаат бројни состојки кои не содржат маснотија како и супстанци кои брзо ќе ве заситат и ќе го подобрат вашето варење.

План на исхрана:

Појадок: еден јогурт помешајте со 300г. сезонско овошје (јаболки, кајсии, праски, малини).
Ручек: 300мл. бистра супа и 300г. варен морков.
Вечера: мешана салата од овошје или зеленчук.

Совет: Бананите и грозјето имаат многу шеќери, па токму поради тоа обидете се во текот на оваа диета да ги избегнете. Избегнувајте ги и маслинките бидејќи содржат доста маснотии.

Диета со ориз

1059_pirinac-foto-Emil-Conkic_iff

Како делува: малите зрна ориз се мошне вкусни, а исто така содржат и многу витамини. Покрај тоа, благодарение на калиумот, оризот го исфрла вишокот на вода од телото.

План на исхрана:

Појадок: салата од сезонски зеленчук.
Ручек и вечера: Сварете 200г. ориз и поделете го во два дела кои ќе ги јадете во текот на денот. Едната порција јадете ја со пире од јаболко а другата со 300г. варен зеленчук помешана со лажичка масло.

Совет: оризот гответе го 40 минути без сол, бидејќи солта ја задржува водата во телото. Наместо со сол, зачинете го со цимет или со некои други зачини.

Диета со компир

1061_krompir-foto-Vladislav-Mitic_iff

Како делува: компирот е идеална намирница за диета бидејќи не содржи маснотии, а има многу калиум и со своите 70 калории на 100г. Создава чувство на ситост, а не дебелее.

План на исхрана:

Појадок: едно парче интегрален леб со филе од лосос или 50г. младо сирење.
Ручек: два варени или печени компири, зачинете ги по вкус и сервирајте ги со 150г. посна павлака.
Вечера: 200г. компири подгответе ги со 350г. сварено овошје (пиперки, брокули, карфиол, домати).

Совет: компирите варете ги во лушпата бидејќи под неа е сокриен витаминот Ц кој допринесува до слабеење.

- Реклама -