Три лица пријавени како исчезнати

Две женски и едно машко лице исчезнале во изминатите 24 часа, за кои се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Двете женски лица се малолетни, додека пак машкото лице е на возраст од 47 години.

Случаите се потврдени и од страна на МВР и внесени во полицискиот билтен:

На 05.11.2017 година во 01,40 часот во Полициска станица Велес, Р.Д.(38) од Велес пријавил дека на 04.11.2017 година околу 23,00 часот од семејната куќа се оддалечила неговата 14 годишна ќерка.Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

На 05.11.2017 година во 20,40 часот во Полициска станица Прилеп, Ш.Џ.(27) од Прилеп, пријавила дека истиот ден околу 15,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 12 годишна ќерка. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

На 06.11.2017 година во 02.15 часот С.И.(42) пријави дека на 05.11.2017 година околу 11,00 часот од нивниот семеен дом во непознат правец се одалечил неговиот брат Н.С.(47). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

- Реклама -