Три девојки безбедно симнати од Водно откако наишле на диви свињи

Три девојки синоќа биле безбедно симнати од Водно откако наишле на диви свињи. Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека пријавата е стигната на бројот 112.

– Сношти три девојки, кои се симнувале од врвот на Водно, по 23 часот,  кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи. На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило. Во 23:42 часот од пријавувачката на итниот случај  е добиена на 112 во ЦУК повратна информација дека полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и дека се веќе се безбедни, се наведува во информацијата од ЦУК.

- Реклама -