„Три дена во септември“ предвесник на освежување во македонската кинематографија

Вчерашната премиера на македонскиот филм „Три дена во септември“, како дел од фестивалот на европски филмови „Синдејс“ помина во преполни сали.

Она што дефинитивно може да се заклучи после премиерата е дека продукциски и тематски започнуваме да наликуваме на Европската кинематографија, барем што се однесува до изборот на теми.

tridenavose-611x320

Веројано, после долгите години поминати во економска и филмска транзиција, најпосле режисерите сфатија дека јавноста е презаситена од пропагандни и воени филмови што изобилуваат со крвави сцени и по некоја пцовка, па настапи времето за поосвежувачки осврт во македонската кинематографија.

И самиот режисер на филмот Даријан Пејовски вели дека сакал да направи филм со универзална тема кон која се почесто пристапуваат и автори од негова генерација од овој регион.

„Тие ги забораваат темите со војни од Балканот, време е да се надмине тоа“, рече младиот режисер (1983) кој има потпишано неколку кратки филма.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

![750]

Продуцентот Тони Салковски исто се надоврза на темата, велејќи дека  публиката, новинарите, па и странците, препознаваат некакво ново движење, нова свежина од Македонија и општо од овие простори.

„Интернационалната публика е веќе презаситена од оние теми поврзани со војна, страдање и депресија, теми кои што предолго време ја карактеризираа југоисточната кинематографија. И тоа беше намерата со овој филм да покажеме нешто ново дека нас не допираат и многу поуниверзални прашања“ рече Тони Салковски.

OS_ThreeDaysInSeptemre1_600

„Три дена во спетември“ е психолошки трилер за средба на две жени во воз, кои животот ќе ги поврзе засекогаш. Дејствијата се динамични и со неочекуван пресврт, додека Камка Тоциновски и Ирена Ристиќ сосема солидно се снајдоа во своите улоги на жртви.

Филмот бил снимен за рекордни 20 дена, со буџет од 250.000 денари.

- Реклама -