Како дел од овогодинешната официјална селекција на филмскиот фестивал на европски филм Синедејс ќе биде „Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио.
Филмот ќе ја доживее својата премиера на 12. ноември во рамки на фестивалот, а до сега истиот е прикажан на 39. Филмски фестивали во Монтреал и 51. Интернационален филмски фестивал во Чикаго, два големи светски фестивали, а најавено е учество на уште неколку фестивали во Европа.
„Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој главните улоги ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.