Три брзи книги корисни за маркетинг

Еден од најголемите проблеми на современиот маркетинг професионалец е дефицитот на време.
Нурнати во браншата, кој се менува со брзо темпо, тој мора да чита, да чита и да чита. Истовремено голем дел од модерните деловни книги надминуваат 400 страници – сериозен обем, за кој се потребни многу ноќи за продлабочување во страниците, по работното време. Како одговор, во САД каде што брзо се развива маркетинг професијата, се појавуваат услуги како getAbstract кои им помагаат на корисниците „да учат повеќе за кратко време”.

Кои се најдобрите бизнис книги од последните години кои се практично насочени кон продажба, ја зголемуваат продуктивноста и не би ви одзеле долго да ги прочитате?

На ова прашање посветува материјал авторот на американското списание Entrepreneur, Мел Карсон. Тој препорачува 3 корисни книги што не се подолги од 150 страници.

Истите ги открил преку набљудувања во социјалните медиуми и усмени препораки во неговите професионални кругови.

 „Изеди жаба!“ на Брајан Трејси.

10aa_38

Издадена во 2007 година, таа продолжува да биде актуелна – од неа човек  може да научи како да се фокусира на една единствена задача и да не се губи  во сложеното, тесно грло на системот на дигиталните сигнали, кои ни го одвлекуваат вниманието детално. Ако советите од неа се вашето прво читање наутро, денот ќе биде поефикасен. Особено е корисна за луѓе подложни на  човечката склоност да ги одложуваат нештата.

„Маркетинг: Љубовна приказна. Како да имате поголемо значење за клиентите“.

13aa_16

Оваа книга на Бернадет Јиу е издадена во 2014 година, а чини само 2,99  долари за Kindle. Авторката е препорачана лично од Сет Годин. Таа пишува за  создавањето на маркетинг содржината и на приказни напишани на начин кој  ги вклучува читателите. Составена е од серија публикации во блог – 80  страници за најдобар маркетинг во дигиталната ера. Раскажува идеи за  маркетинг стратегии, контекст, авторство. Нејзината најголема заповед е  луѓето да престанат да продаваат работи во маркетинг материјали и да почнат  да раскажуваат приказни.

„Промена на животот низ магијата за редење: јапонската уметност за спасување на домот од непотребните нешта и организација на просторот” на Мари Конде.

14aa_12

 

Оваа книга не е директно поврзана со практиките на маркетингот, но е полна со големи и практични идеи, како и методи за намалување на количината непотребни предмети во животот. Позитивниот резултат може да биде „смирувачки за умот и да предизвика мотивиран став”. Размислете за вашата работна маса во канцеларијата, работната пошта. Едно „пролетно чистење“ на виртуелниот и реалниот простор ќе го ослободи умот, ќе ве направи повеќе фокусирани и попродуктивни.

- Реклама -