Трето македонско првенство во сајбер-спорт

wcg-logoУтре и задутре во организација на сајбер-клубот „Ентернет“ ќе се одржат
натпреварите од третото македонско првенство во сајбер-спорт.


slika-najavaУтре и задутре во организација на сајбер-клубот „Ентернет“ ќе се одржат натпреварите од третото македонско првенство во сајбер-спорт.

– Годинава има двојно повеќе интерес од лани и, доколку се продолжи со истото темпо, Македонија има шанси да освои и некоја престижна награда во светски рамки – изјави г. Бобан Тотовски, менаџер на проектот, на вчерашната прес-конференција.

„Ворлд сајбер гејмс“ (ВЦГ) е првиот светски фестивал на сајбер-игри, создаден да изгради здрава сајбер-култура меѓу младите. Најдобрите гејмери од цел свет се собираат во различни градови да ги споделат возбудата и забавата од натпреварите. Почнувајќи од 2000 година, ВЦГ постави стандарди во глобалните гејминг-натпреварувања и обезбеди позитивна и забавна содржина. Оттогаш се надминати јазичните бариери со воспоставувањето на компјутерските игри како втор заеднички јазик во светот по спортот. Во почетокот учествуваа само десетина држави, додека годинава на големото финале, кое ќе се одржи во Сиетл од 4 до 8 октомври, ќе учествуваат повеќе од 80 држави.

- Реклама -