Трендови: Носете бело со бело

Сезонава дизајнерите понудија широка палета на јаки бои, неонски сјај и нападни принтови, но помалку храбрите девојки може едноставно да се одлучат за безвременскиот тренд на бесконечна белина на облеката.

Наместо да се обидувате да ја разведрите летната гардероба со нежни жолти, зелени и розови нијанси, едноставно облечете се целосно во бело. Уште повпечатлив изглед ќе добиете ако мешате повеќе нијанси на бела, како сребернобела, валканобела, снежнобела, мат и сјајна.

Слоевите и материјалите се исто така многу важни. Носете бел шорц со летни плетени чизми, бела маичка со тантела и јакна од тексас. Долгите фустани разиграјте ги со кожен елек и смели римјанки со светликави нитни.  Поиграјте си со накитот и наместо бели модели, комбинирајте дрво, плексиглас или синџири, за да му додадете силен моден печат на вашиот секојдневен изглед.

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

- Реклама -