Тренчевска: Не е вистина дека дека се укинуваат посебните средства за лицата со Даунов синдром

Не е вистина дека се укинуваат посебните средства за лицата со Даунов синдром и би апелирала до медиумите за вистинско информирање. Не е укинато ниту едно право на лице, односно дете со попреченост, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во одговор на прашање на МИА дали се укинуваат посебните средства за лица за оваа категорија корисници при денешното доделување на лиценца за работа на Центарот за дневен престој на деца со попреченост во Струмица.

Според неа, лани биле направени измени во Законот за детска заштита со кои се зголемени правата на децата кои примаат посебен детски додаток за 15 отсто, а од јануари годинава сите права од детска заштита и социјална заштита се зголемени за 14,2 отсто.

-Станува збор за 8 деца од вкупно 120 кои немале комплетна медицинска документација и кои при посетата на соодветната комсија добиле негативен наод и веќе како министерство стапивме во контакт со тие деца и со комисијата и ќе се направи повторен увид за да се даде повторно оценка и наод, рече министерката.

Додаде дека со новите услуги кои се отвораат за децата со попречност, покрај правата кои им следуваат, во повеќе градови низ државата има дневни центри за деца со попреченост и се отвораат центри за индивидуален третман на овие деца, а во Скопје има Специјален центар за децата со Даунов синдром и во сите центри се даваат бесплатни услуги од дефектолог и логопед токму на децата со Даунов синдром.

На новинарско прашање што ќе преземе МТСП за случајот со деветгодишно момче од Кочани кое питачи во Скопје и често бега од мал групен дом, миистерката Тренчевска рече дека се преземаат активности и установата во кое било сместено детето го информирало министерството и заедно се преземале активности со вклучување на ЈО и МВР во интерес на детето.

МИА

- Реклама -