Дејвид Духовни одамна не сме го гледале на големото платно, освен во популарната серија Californication, но сега актерот што се прослави со X-Files, му се враќа на киното со адреналинскиот подморнички трилер. Во Phantom игра и Ед Харис како капетан на подморница, кој е прогонуван од спомените на минатото и од дезориентирачките напади.
Духовни, пак, е предводник на групата што сака да ја окупира подморницата на Харис, во првиот официјален трејлер за ова остварување.
Филмот го режираше Тод Робинсон, а покрај Харис и Духовни, игра и Вилијам Фихтнер. Премиерата на овој филм во светските киносали е закажана за 1 март, 2013 година.
[youtube]fv0NlYLrRaM[/youtube]