Требаше да бидат гарантори на независното судство, но не ја исполнија функцијата, вели претседателката за Судскиот и Советот на јавни обвинители

„Тие две тела во моментов како да не постојат. Како очекувате независно судство со ваков Судски совет и Совет на јавни обвинители. Јас не очекувам, бидејќи тој што е чуварот, набљудувачот, треба да биде најдобриот. Таму се потребни сериозни промени. Има веќе предлог закон, за тоа е потребна дебата, да видиме што ќе правиме“, вели претседатеелката

Во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители се потребни сериозни реформи. Двете тела не ја исполнија функцијата поради која беа формирани. Требаше да бидат гарантори на независното судство, најголемите критичари на лошите судии, на лошите јавни обвинители. Потребни се сериозни законски измени.

Ова вечерва во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 го рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прашана за најавите за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и за изјавите на амбасадорите дека тоа би значело мешање во судската власт.

„Тие две тела во моментов како да не постојат. Како очекувате независно судство со ваков Судски совет и Совет на јавни обвинители. Јас не очекувам, бидејќи тој што е чуварот, набљудувачот, треба да биде најдобриот. Таму се потребни сериозни промени. Има веќе предлог закон, за тоа е потребна дебата, да видиме што ќе правиме“,

рече таа.

Според неа, да биле членовите на овие две тела доблесни ќе си поднеле оставки, особено, како што реле, постие скандалитее кои таму се случувале. На прашањето дали се согласува со тоа да се распуштат составите на двете тела, претседателката посочува дека за тоа треба да има правен основ, односно дека во законот покрај условите за избор, има и услови за разрешување.

„Два или три проценти углед значи како да не постоите. Моите забелешки се, и во Венецијанска сме разговарале, дали едно тели или две тела, ама едно е најважно, не треба тие да се бават само со избор и разрешување на судии и јавни обвинители, туку треба претпоставки да создаваат за независно судство. Како ќе создаваат ако не работат. Дали знаете во извештаите има по колку пати во месецот се состануваат овие органи, по два, три пати. Извештаите беа како памфлети, таму нема толку и толку се разрешени, нема причини, нема што ќе прават. И Антикорупциска имаше забелешка на тоа. Таму се потребни сериозни реформи“,

вели таа.

За нејзината предизборна програма во која, како што рече, говори за Судскиот совет и за обврската на претседателот да номинира двајца членови, кој ги бира Собранието, според неа, она што не се почитувало досега, бил Законот за судски совет да има одредби што, како пто вели, се однесуваат на условите кои треба тие двајца членови да ги исполнуваат.

„Таму вели дека 15 години докажаност во правната фела. Јас реков, најдобри треба да бидат кандидатите на преетседателот, тие треба да бидат навистина стручни. Претходниот претседател велеше, веројатно има и право, доколку предложел такви, какви што јас претпочитам да предложам, дека нема да поминат. Ама, и ако не предложи претседателот, нема да има двајца кандидати. Значи, еднаш ние треба да знаеме, ако сакаме Судскиот совет да биде микроскоп, рентген, чувар на независното судство, чуварите треба да бидат најдобрите во правната професија. А не е така. Најчесто се кога велиме познати, во струката докажани. Во партиите се докажани“,

рече таа.

- Реклама -