Шетате по улица или влегувате во некоја продавница. Гледате згоден странец и се чувствувате како да го познавате сиот свој живот. Се двоумите дали да кажете здраво, но тој заминува и моментот е загубен…
Купував цвеќиња, а ти ми ја пофали белата кожена јакна
„Требаше да ти кажам здраво“ е креативен проект на двајца дизајнери што ги овековечуваат моментите во кои луѓето се среќаваат без да прозборат, а потоа копнеат некогаш да се сретнат повторно. Лиса Парк и Адриа Наваро, кои стојат зад овој проект, ги поттикнуваат луѓето да им ги раскажат своите приказни, а потоа лепат стикери на местото на кое се случила средбата и ги објавуваат фотографиите онлајн со кратко објаснување на загубената конекција.
Ми побара цигара на ќошот меѓу 5 авенија и 13 улица
Според нив, постои некоја поетичност во очајната желба за повторна средба во случаите кога инцидентната конекција ќе се загуби. Иако ваквите случајни средби најчесто се поврзуваат со љубовта и романсата, може да бидат поврзани и со работата. Секој што сака да учествува во овој проект може слободно да го стори тоа со дигитално раскажување на својата загубена конекција.
Дечкото што патуваше од Њујорк до Пицбург