Што се случува кога на неколку луѓе кои сакаат да трчаат низ урбани центри ќе им дадете костими прекриени со LED диоди и ќе ги пуштите да трчаат низ Банкок?
Тројцата учесници во видеото – Џејсон Пол, Шон Вуд и Анан Анвар – буквално прават што сакаат во Тајланд додека режисерот Френк Сауер ги снимал. Режисерот изјавил: „Еден од најголемите предизвици беше да создадеме костим кој изгледа добро и е функционален. Костимот мораше да биде издржлив за да се справи со ударите на акробациите, и притоа да ја осветлува околината.“
„За среќа дизајнерот Кристина Захра го искористи своето искуство од модната индустрија за да ги состави костимите.“