Транс инспирација

Пред неколку недели ве запознавме со нашата љубов кон транс музиката. Сега е време тие што ги допира ваквата музика самите да се пронајдат и истражат во овој неверојатен свет. За љубопитните издвоивме 10 песни кои на нас ни биле клучни во оформување додека сме патувале низ светот на трансот. Ако пропуштиме некој од вашите омилени, тоа е затоа што толку многу ги има што едноставно не треба ни да се обидуваме да ги ставиме во една единствена плејлиста, туку секој треба природно да го стекне искуството слушајќи ја музиката.

Атмосферите создадени од „Para Halu“ се мистериозни, хипнотички и мрачни, исполнети со извртени психоделични ефекти и мелодии во заднина, трогателен спој на звуци секогаш во целосна прогресија што го открива богатството на нивната музика натоварена со звучни изненадувања.
Песната произлегува од албумот Blast From The Past – многу посебен подарок за сите љубители на легендарниот руски пситранс бенд Dissociactive. Ова издание е збирка на претходно необјавени песни напишани во текот на 2003-2005 година од Јорик (кој сега издава музика како Sorrowmurk) и Слава (кој продолжува да го води проектот Dissociactive), а се сметаше дека се засекогаш изгубени по епскиот дефект на хард дискот. . Меѓутоа, со среќа, оригиналните датотеки неодамна беа откриени на компјутерот на пријател и сега се повторно совладени и претставени пред вас како бесплатно издание на Sun Station Records. Затоа уживајте во оригиналниот звук од рускиот психоделичен андерграунд! Мастеризирано од Слава/Дисоцијактив со уметнички дела од Евгениј Киселев.
Золод е едно од многуте уметнички имиња на Виктор Золотаренко, руски уметник и транс Диџеј. Бил 1/2 од псај бендот Парасенс заедно со Алекс-Парасенс и се сметани за едни од најинфлуентните уметници во жанрот. Виктор за жал има починато и не прави веќе музика.
Logic Bomb – Неверојатно го одржаваат ритамот во секоја песна и со математичка прецизност ги пренесуваат пораките во нивната музика. За жал минатата година на нивната фејзбук страна напишаа дека ќе го запрат проектот.
„Голема благодарност до сите вие ​​прекрасни фанови што останавте со Logic Bomb сите овие години. Најголема благодарност до креаторите/основачите на Logic Bomb: Јохан Крафт, Јонас Бергвал и Јонас Петерсон. Се гледаме сите во прекрасниот свет на музиката! Ве сакам сите!“
Пионерите на трансот, едни од првите едни од последните.
Комплексни форест звуци кои ги срушија сите граници поставени од укочено општество за тоа што може да состои една песна. Звуците на дуото што го составува Деранго тешко можат да се надминат.
Уште еден од пионерите на псај трансот. Тие кои биле на неговите изведби на журки каде што настапувал до денес се полни со позитивна енергија и убави спомени од тие денови. За жал, уште еден уметник кој го напуштил светот на живите.
Развеселувачки психоделичен звук, одличен за дружба со пријателите или едноставно за водење на една ритам кој не престанува да ве тера да танцувате. Со откачени изведби во живо, Пантомиман се издвојува како маестро во транс културата.
Кинжажа произведува Хај-тек псај звуци – познати по нивниот висок БПМ(Битс пер минут). Музиката навистина никогаш не застанува и изненадува со откачени звуци во секој агол. Осмислени мелодии овозможуваат да уживате во брзата навидум агресивна музика, посебно препорачлива за оние кои имаат мозоци што не престануваат да мислат и им треба константна стимулација.
Зборовите и љубовта во текстовите кои трансерите ги пишуваат едни за други се доказ на тежината со која ја сакаме и самата музика.

- Реклама -