Едно лице загинало, а шестмина се повредени во несреќата во Белград во која утрово во 8:15 часот трамвај излетал од шините на аголот на улиците Ресавска и Крунска.
Со тешки повреди и во животна опасност се возачот на трамвајот и возачот на автомобилот „Dacia“ во кој удрил трамвајот. Четворица патници од трамвајот се полесно повредени.
Пред да излета од шините, трамвајот се судрил со автомобил, потврдуваат од српското МВР. Според сведоците, на раскрсницата се нашол и еден пешак, на возраст од околу 30 години, кој загинал.
Според директорот на GSP (белградското Градско сообраќајно претпријатие), а врз основа на неофицијални податоци, до несреќата дошло откако автомобилот „Dacia Logan“ поминал на црвено светло и удрил во предниот дел на трамвајот. Од силината на ударот трамвајот излетал од шините, удрил во дрво, го покосил пешакот, и запрел дури по ударот во ѕидот на една зграда.
На темата: Да сте возач на трамвај не е лесно. Токму поради секаквите идиоти со кои ги делите улиците. Погледнете.