Трамп: Универзитетите кои шират антисемитска пропаганда ќе ја загубат акредитацијата и федералната поддршка

Пролетва, низ универзитетските кампуси во САД се одржуваа протести против воените акции на Израел во Појасот Газа, а демонстрантите бараа од властите да ја прекинат соработката со компании кои ја поддржуваат еврејската држава

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска пред еврејски донатори изјави дека американските универзитети ќе ја загубат својата акредитација и федералната поддршка доколку продолжат да шират, како што кажа, антисемитска пропаганда.

„Колеџите мора да престанат со антисемитската пропаганда или ќе ја загубат акредитацијата и федералната поддршка“,

изјави Трамп за време на видео-конференциско обраќање пред повеќе од 1 000 донатори од Републиканската еврејска коалиција во Лас Вегас.

Пролетва, низ универзитетските кампуси во САД се одржуваа протести против воените акции на Израел во Појасот Газа, а демонстрантите бараа од властите да ја прекинат соработката со компании кои ја поддржуваат еврејската држава. 

Републиканците велат дека протестите покажале дека некои демократи се антисемитисти кои поддржуваат хаос. Самите демонстранти одговорија дека властите неправедно ги обвинуваат за антисемитизам.

Инаку, во САД, федералната влада не ги акредитира директно универзитетите, туку игра надзорна улога за претежно приватните организации кои акредитираат колеџи.

- Реклама -