Трамп му честиташе на Путин за размената на затвореници: Добро е што се вратија нашите луѓе, но се ослободија и некои од најголемите убијци

Како дел од договорот, ослободен е и Русинот Вадим Красиков, кој во Германија беше осуден на доживотен затвор за убиство на Грузиец со чеченско потекло во 2021 година во центарот на Берлин. И двајца американци се вратија дома, како новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович и поранешниот американски маринец Пол Вилан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп му честиташe на рускиот претседател Владимир Путин за големата размена на затвореници меѓу Русија, Белорусија и неколку западни земји, но посочи дека со тоа се ослободиле и најголемите убијци во светот.

Со тоа, Трамп се обиде да го оцрни мега-договорот со Русија.

„Би сакал да му честитам на Владимир Путин што направи уште една одлична работа“,

рече тој на настан во Атланта, Џорџија.

Сепак, тој додаде дека се ослободени некои од најголемите убијци во светот.

„Тие ги вратија некои од најзлобните убијци. Ги вративме нашите луѓе, но човече, направивме некои страшни, страшни зделки. И убаво е да се каже дека ги вративме, но дали со тоа се направи лош преседан?“,

вели тој.

Во најголемата размена на затвореници по Студената војна, Русија и Белорусија ослободија 16 лица кои беа затворени, а за возврат 10 лица беа предадени на Москва од затворите во различни западни земји.

Како дел од договорот, ослободен е и Русинот Вадим Красиков, кој во Германија беше осуден на доживотен затвор за убиство на Грузиец со чеченско потекло во 2021 година во центарот на Берлин. И двајца американци се вратија дома, како новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович и поранешниот американски маринец Пол Вилан.

Договорот го постигна владата на американскиот претседател Џо Бајден со помош на Германија и другите сојузници.

Трамп е редовно провокативен во говорите за време на кампањата за претседателските избори во САД закажани за 5 ноември годинава.

САД заедно со неколку европски земји и Русија извршија историска размена на затвореници, при што инволвирани се 24 луѓе во размената. Се работи за акција подготвувана најмалку две години и е плод на макотрпни, тајни разговори.

- Реклама -