И Трамп Јуниор врзан со „Викиликс“

Доналд Трамп Јуниор  обелодени дека разменувал приватни пораки со „Викиликс“ за време на изборната кампања минатата година во САД.

Најпрво, оваа информација ја објави медиумот „Атлантик“, кои тврдат дека Трамп Јуниор соработувал со „Викиликс“ во момент кога во јавност протекоа приватни меилови на противкандидатката на неговиот татко, Хилари Клинтон.

Комуникацијата меѓу најстариот син на Доналд Трамп и „Викиликс“ започнала лани во септември и траела сè до јули оваа година.

Прочитајте и:  Трамп бара 10 милијарди долари од Си-Би-Си поради наводно изменето интервју со Камала Харис
- Реклама -