Трамп „бомбардиран“ со руски знаменца

Рајан Клејтон е член на антитрамп организација, кој на состанокот на републикаците во Капитол Хил успеал да влезе како репортер.

Лажниот репортер ја искористил приликата за својот револт кон претседателот на САД да ја искаже на симболичен начин – фрлајќи руски знаменца кон него.

За кратко Клејтон бил уапсен од страна на полицајците кои биле на задача во Капитол Хил и најверојатно ќе биде покрената кривична пријава против него.

На овој состанок Трамп и републиканските сенатори зборувале за најавените даночни реформи, кои би донеле големи финансиски ослободувања на компаниите.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -