Трагичното фијаско на „генералната проба“ за инвазијата на Нормандија 1944

tiger

Инвазијата што се случи на 6 јуни 1944, позната и како „Денот Д“, е една од најпрочуените воени операции од Втората светска војна. Спротивно на ова, малку се знае за подготовките што ѝ претходеа на операцијата. А подготовките… не беа сјајни. Всушност, самата инвазија беше ставена на чекање на само неколку седмици пред планираниот датум, и тоа како директна последица на трагедијата што се случи на тренинг вежбата – наречена „Exercise Tiger“, а дизајнирана со цел да ги подготви трупите за слетувањето на Нормандија.

За локација за „генералната проба“ беше избран брегот на Слептон во Англија, бидејќи брегот на Англискиот канал (од кој Слептон е дел) беше многу сличен со теренот на плажите на Нормандија. Вежбата беше закажана да трае од 22 до 30 април 1944 година, и вклучуваше вистински огнени вежби и реалистично слетување. Секој можен аспект беше така дизајниран за што повеќе да наликува на реалната ситуација што ги очекуваше во Нормандија: не само изгледот на теренот, туку и тактиката, па дури и слетувањето на плажа со мирис на свежо испукана муниција. За жал, вежбата стана „пререална“…

Според Роберт Гор-Лангтон, првите неколку дена од вежбата се одвивале без поголеми проблеми. Но, на 27 април, група од 9 германски Е-бродови**  со база во Чербург, Франција – ја забележале реално малата формација од осум американски *LST бродови во Лајм Беј, близу Слептон. LST-ата биле придружувани од само една Кралска корвета – HMS Azalea. Движењето во права линија, плус присуството на само еден вооружен брод – претставувало златна прилика за германските брзи бродови вооружени со торпеда…

HMZ Azalea, обично користен како анти-подморничка придружба на морските воени конвои.
HMZ Azalea, обично користен како анти-подморничка придружба на морските воени конвои.

Жртвите на страната на Алијансата беа последица на перфектна бура од случувања и фактори. Првиот беше недостаток на комуникација. Американските и британските сили комуницираа на различни фреквенции, па кога Британците ги забележале германските Е-бродови, немале начин како да ги предупредат американските LST бродови. Второ: на брегот биле распоредени неколку британски одбранбени топови, но било наредено да не пукаат за да не се открие дека плажата е бранета. Трето: штом Германците почнале да испукуваат торпеда, на бродовите на Алијансата им било наредено да се расштркаат, за да спречат поголема штета, со тоа оставајќи многу војници во водата, кои пак заради недоволната обученост за да знаат како да ги користат „спасувачките елеци“, потонале и се удавиле повлечени од тешката воена опрема што ја носеле.

LCI_326[1]
*Американски LST брод, „Landing Ship Tank“, наменети за водено-копнени операции и дизајнирани да истоварат трупи директно на брегот

Како нападот од германските бродови да не бил доволно лош, лошата комуникација наскоро земала уште повеќе жртви. Во согласност со желбата на американскиот претседател Ајзенхауер вежбата да изгледа што пореално, неколку американски бродови биле распоредени крај обалата и имале наредба да пукаат со жива муниција малку зад линијата на брегот, за американските војници да се истоварат на реалистичен, „бомбардиран“ терен. Сепак, заради одредени проблеми, нивните вежби се пролонгирале и веќе доцнеле зад временскиот распоред, а имајќи го во предвид недостатокот од комуникација настанат заради нападите, таа порака не стигнала до преостанатите Американци во LST бродовите. Според планираното, тие се истовариле на брегот во точното време, само за да наидат на дожд од задоцнета артилерија од американските бродови. Сé на сé, билансот на жртви се зголемува за уште најмалку 300 војници.

Germaneboat[1]
**Германски E-boat, брзи напаѓачки бродови, Schnellboot, вооружени со торпеда.

На крајот, загинауваат вкупно 946 американски војници, што е повеќе отколку што загинаа на плажата Јута, при вистинската инвазија на Нормандија. Уште стотици беа ранети, а „Денот Д“ беше ставен на чекање. Ако ништо друго, Алијансата научи вредна лекција од трагедијата и презема низа мерки за да се осигура дека вакви грешки нема да се случат уште еднаш. Прво и најважно, воведена беше стандардизирана комуникација помеѓу американските и британските сили, така што сите страни имаа пристап до важните информации. Второ, војниците беа подложени на потемелен тренинг околу тоа како да ги користат направите за пловење и да избегнат непотребни жртви од давење. Последно, ама не и помалку важно, оттогаш па натаму секогаш беа испраќани и помали бродови, за да ги соберат евентуалните војници што ќе паднат во водата. Фијаското на Exercise Tiger сепак ќе одигра голема улога во успешната инвазија на Нормандија и почетокот на пробивот до Берлин.

- Реклама -