Традиционалните фризури на Руанда од пред 100 години

Aко мислите дека панкерска четка фризура е екстремна, чекајте да ја видите Amasunzu – традиционална фризура од Руанда, која некогаш ја носеле мажите и немажените жени за да им индицираат на потенцијалните додворувачи дека се сингл и во години за мажење.

Луѓето од Руанда носеле Amasunzu во повеќе од 30 различни варијанти, сé до моментот кога дошле колонизаторите, кои ја забраниле. За нив, оваа фризура била паганска. Со тоа луѓето од Руанда загубиле едно од своите најголеми обележја, во меѓувреме присвојувајќи стилови од други делови од светот.

Но, сепак, тек-тук и денес ќе најдете по некој упорен маж од Руанда кој гордо носи некој од изворните стилови.

- Реклама -