Денеска, во ООУ „Вера Циривири Трена“ се реализираше работна средба меѓу ООУ„Братство“ и училиштето домаќин. Станува збор за заеднички четири годишен проект на УСАИД, за Меѓуетничка интеграција во образованието. Ученичката заедница и детската организација именувана како „Градинарска патрола“, од дветепартнер училишта, ја направија редовната контрола во зеленчуковата градина, засадена во месец ноември, минатата година. Градинарската патрола одговорно направи увид во градината, каде основците ја чистеа тревнатата површинаи се радуваа на заеднички засадените градинарски култури, марулата, кромидот и зачинските билки. Сето тоа бешеуредно заведено во нивниот Ботанички дневник. Но активноста на младите ентузијасти не запре тука. Ученицитенаправија и албум–постери, каде ја овековечија својата плодна соработка, преку фотографии кои хронолошки даваатопис на нивна досегашната соработка и љубов, преточени во заедничката градина.