Тотенхем си замина со 3 поени од Олд Трафорд (видео)

Манчестер Јунајтед загуби на домашен терен од Тотенхем со 2:3 и ги разочара своите фанови на „Олд Трафорд“.

Тимот на сер Алекс Фергусон одигра очајно прво полувреме по кое имаше негатива од два гола. Фертонген уште на самиот старт го доведе Тотенхем во водство, а Герет Бејл во 32.минута најави дека „Ѓаволите“ нема да си поминат добро на овој меч.

Нани на почетокот на вториот дел даде надеж, во наредниот напад Демпси зголеми на 1:3, но веднаш погоди и Кагава и повторно ја намали негативата. Сепак, до крајот Манчестер Јунајтед не успеа да го израмни резултатот.

{youtube}G_OA_CgNTGs{/youtube}

Ова е прва победа за Тотенхем на „Олд Трафорд“ по цели 23 години и прв триумф над Манчестер Јунајтед по цели 22 меѓусебни мечеви. По овој пораз, „Црвените ѓаволи“ имаат заостанување зад Челзи од четири бода, а ги стигна бодовно и градскиот ривал Манчестер Сити. И двата тима имаат по 12 бодови, а пред нив е и Евертон со еден бод повеќе на табелата во Премиер лигата.

- Реклама -