Територија на уметноста со илјадагодишна историја и незаборавен пејзаж.
Помеѓу лозјата и маслиновите шуми се вгнездени села и чифлици, замоци и вили со високи ѕидови. Градови, качени на ридовите, ѕидови останати од градовите во минатото, кипарисови дрвја…
Велат дека Тоскана е земја од Бајките, благословена од генијалноста на природата и на човечката рака. Претставете си само слика која Бог и човекот со векови со трудољубивост, понекогаш со уметничко брзање некаде го изградиле – редови од лози, ветровити и песокливи патишта, фарми обраснати со мов низ ѕидовите на замоци, симетрични ридови, опкружени од градови како мултидимензионална репродукција на истата зграда. Секое парче земја грижливо ракува со идејата – да биде се повеќе дарежливо со плодовите и се повеќе волшебно со својата убавина.
Тоскана заведува со мирисот на вино, убавата природа и неповторливата архитектура која ве следи на секој чекор -од малите гратчиња до величествената Фиренца.
Неколку импресивни палати биле изградени за Медичи од епохата на ренесансата и задржувајќи го некогашниот сјај, денес служат за романтичен декор на свадбените церемонии.
Градовите како Фиренца, Сиена, Тоскана и Пиза заедно со помали градови како Лука, Кортона и Арезо или средновековни градчиња како Сан Гимигнаносо познатите кули или Пиенца светнаа како вистински дијаманти во срцето на патниците од целиот свет.
За крај малку општи податоци и историја за Тоскана.
Тоскана е еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северо-запад се граничи со Лигурија, на север со Емилија-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Површината која ја зафаќа овој регион на Апенинскиот Полуостров е 22.997 км² а името произлегло од првите жители кои ја населувале таа зона, Етрурците или Туски, кои му ги дале на регионот првите форми на територијална организација. По нив, регионот бил завземен од страна на Римјаните а по паѓањето на Римската Империја, Тоскана паднала под власт на Готите, Лонгобардите и на Каролинзите. Во средновековниот период биле основани независните општини кои не издржале под превласта на Фиренца со која управувало семејството Медичи. Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет.
Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно.