Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

With the bookmaker MostBet, your bet is not just a guess, it is an opportunity to feel the excitement and win! Join us and plunge into the world of sports betting, where every result brings joy and the opportunity to increase your winnings!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти. 

– Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат се што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда, изјави Тошковски.

Прочитајте и:  Сведочеше адвокатот што го возеше Палевски до Белград, му имал позајмено 20.000 евра во последните три години

Прашан дали има конкретен рок кога треба да се испорача Палевски, министерот за внатрешни работи рече дека нема конкретен рок, но дека Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може во земјава. 

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. За МИА оттаму посочија дека е завршен судскиот процес и административната процедура и сега останува само да се реализира трансферот. 

Палевски е првоосомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

- Реклама -