Тошак знаел дека Хрватска и Шкотска играат слабо во септември

Стартните двa натпревари на македонската репрезентација во квалификациите за СП 2014 ги следел и поранешниот македонски селектор, Велшанецот Џон Тошак кој ова лето го напушти кормилото на репрезентацијата откако не најде заеднички јазик за идна соработка со новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Тошак во изјава за британските медиуми нагласи дека многу добро знаел дека Хрватска и Шкотска ќе играат слабо во септември, па затоа инсистирал при договарањето на распоредот прво да се сретнеме со нив, без разлика дали на домашен или на гостински терен.

„Навистина сум задоволен од тоа што го видов на првите две средби. Да бидам искрен посакувам добри резултати на Македонија затоа што јас до неодамна бев дел од тој тим, се чуствувам како креатор на таа селекција со оглед на тоа што всушност тоа е комплетниот мој избор на репрезентативци. Знаев дека Шкотите секогаш играат лошо во септември, и дека Хрватите ќе бидат уморни и заситени од селекцијата по настапите на ЕП. Затоа сакав да осигурам дуели со нив во првите две кола“ изјави Тошак, дополнувајќи дека Македонија заслужила многу повеќе бодови од тој еден.

„Македонија беше подобра од Шкотска, штета што не победија. Но, мора да кажам дека никако играчите да разберат дека мора многу да внимаваат со жолтите картони. Толку многу ги заработиваат а секогаш се за недисциплина. Македонија не е селекција која може да си дозволи по неколку фудбалери постојано поради картони или повреди да недостигаат на секоја средба. Ако сега заработат нови картони тогаш ќе мора да отсуствуваат. Тоа е апсолутно непотребно и новиот селектор Јаневски ќе мора да поработи на дисциплината на играчите“ вели Џон Тошак.

Стартните два наши натпревари во квалификациите за СП 2014 ги следел и поранешниот македонски селектор, Велшанецот Џон Тошак кој ова лето го напушти кормилото на репрезентацијата откако не најде заеднички јазик за идна соработка со новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

 

Тошак во изјава за британските медиуми нагласи дека многу добро знаел дека Хрватска и Шкотска ќе играат слабо во септември, па затоа инсистирал при договарањето на распоредот прво да се сретнеме со нив, без разлика дали на домашен или на гостински терен.

 

„Навистина сум задоволен од тоа што го видов на првите две средби. Да бидам искрен посакувам добри резултати на Македонија затоа што јас до неодамна бев дел од тој тим, се чуствувам како креатор на таа селекција со оглед на тоа што всушност тоа е комплетниот мој избор на репрезентативци. Знаев дека Шкотите секогаш играат лошо во септември, и дека Хрватите ќе бидат уморни и заситени од селекцијата по настапите на ЕП. Затоа сакав да осигурам дуели со нив во првите две кола“ – изјави Тошак, дополнувајќи дека Македонија заслужила многу повеќе бодови од тој еден…

 

„Македонија беше подобра од Шкотска, штета што не победија. Но, мора да кажам дека никако играчите да разберат дека мора многу да внимаваат со жолтите картони. Толку многу ги заработиваат а се за недисциплина. Македонија не е селекција која може да си дозволи по неколку фудбалери постојано поради картони или повреди да и недостасуваат на секоја средба. Ако сега заработат нови картони тогаш ќе мора да отсуствуваат. Тоа е апсолутно непотребно, и новиот селектор Јаневски ќе мора да поработи на дисциплината на играчите“ – вели Џон Тошак.
- Реклама -