Toртиљи од карфиол

Уживајте во интересниот вкус на малку поинакви тортиљи.

Состојки:

3/4 главици карфиол

2 големи јајца

1/4 шолји ситен магдонос

сок од половина лимон

сол и бибер по вкус

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете тепсија со хартија за печење.

Цветовите од карфиол иситнете ги и сомелете ги во блендер. Би требало да добиете околу 2 шолји иситнет карфиол.

Карфиолот ставете го во чинија и загрејте ја во микробранова рерна 2 минути, потоа извадете го, промешајте и повторно загрејте 2 минути. Потоа ставете го во тенка крпа и исцедете го вишокот од течности. Со оглед на тоа што карфиолот ќе биде многу топол, ви порачуваме да носите кујнски ракавици додека го правите тоа.

Во сад од средна големина изматете ги јајцата, додадете карфиол, магдонос, сок од лимон, сол и бибер. Сето тоа добро промешајте го. Обликувајте 6 тортољи и наредете ги во тепсијата за печење.

Печете ги тортиљите околу 10 минути, а потоа извадете ги од рерната, тргнете ги и вратете во рерна уште 5-7 минути.

Загрејте тавче со нелепливо дно и во него умерено пропржете ги печените тортиљи (околу 1-2 минути од секоја страна) додека не заруменат.

- Реклама -