Сакате да ги изненадите домашните, роднините и пријателите? Подгответе им шпански ветер! Одлична торта која се топи во устата…
Состојки за кора:
2 x 5 белки
2 x 6 лажички шеќер
2 x 1 лажички лимонов сок
Подготовка на кората:
Се прават две идентични кори. Заматете ги белкиите со шеќерот. На крајот додадете лажица лимонов сок. Калапот за тортата обложете го со хартија за печење и сместата ставете ја во калапот. Печете на температура од 100 степени. Постапката повторете ја и со другата кора.
Состојќи за фил 1:
10 жолчки од јајце
10 лажички шеќер
200 gr чоколадо за готвење
250 gr маргарин
150 gr мелени ореви
Состојќи за фил 2:
250 мл слатка павлака
Подготовка за филот
Жолчките изматете ги на пареа со шеќерот и чолпчадото. Кога ќе се растопи чоколадото, тргенете ги и оставете да се оладат. Во ладната смеса додадете ги маргаринот и оревите. Секоја кора полејте ја со 100 грама топено чоколадо и чекајте истото да се стегне.
На тепсија ставете ја првата кора и премачкајте ја со првиот и вториот фил. Тоа би значело откако ќе го нанесете првиот, врз него ја нанесувате слатката павлака, па ја ставате одозгора другата кора, премачкана со остатокот од фил, потоа ја сечете на парчиња и ја служите.
Добар апетит ви посакува тимот на 365.