ТОРТА ОД АВОКАДО И ЛИМЕТА: Волшебен десерт без печење кој ќе ве разлади за секунда

Потребно е:

1 шолја бадеми
7 урми
2 лажици кокосово масло
кора од 1 лимон
1 зрело авокадо
1 чаша ореви
ванила
1/4 чаша стопено кокосово масло
кора од лимон и сок од 2 лимета
3 лажици сируп од агава

Подготовка:

Во блендер ставете ги бадемите, урмите, кокосовото масло и кората од лимон. Блендирајте додека не добиете текстура на лепливи трошки. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја. Во блендер истурете ги авокадото, оревите, ванилата, маслото, сокот и кората од лимета и сирупот од агава и матете додека не стане крем. Подготвената крема нанесете ја преку подлогата. Украсете ја тортата по ваш избор. Добар апетит!

- Реклама -