Со новиот предлог Tornado 348, британската компанија Kazam ќе ја покорува Европа – запознајте се со смартфонот, кој подава рака кон титулата „најдобар тенок телефон во светот”.
Уредот е со дебелина едвај 5.15 мм и конкурира на досегашните лидери во овој поглед – Elife S5.5 и Elife S5.1 на кинескиот бренд Gionee, кои се соодветно 5.55 и 5.15 мм.
За споредба iPhone 6 пример е со дебелина 6,9 мм, па Tornado 348 очигледно ќе е навистина многу тенок.
Колку точно оваа карактеристика е важна за потрошувачите е прашање вредно за дискусија, но уредот сигурно изгледа прилично елегантно. Смартфонот доаѓа со 4.8 инчен Full HD дисплеј, 8-мегапикселна камера и моќен осмојадрен MediaTek процесор. Логично Kazam ќе го пушти телефонот прво во Велика Британија во средината на ноември, а цената ќе достигне до 249 фунти.
Интересен факт е дека Kazam е основана во јуни 2013 година од страна на двајца поранешни вработени на тајванската компанија HTC. Иако седиштето на фирмата е во Лондон, голем дел од вработените се во Кина, каде што се произведуваат и смартфоните кои што Kazam ги продава.
Амбицијата на компанијата е да стане достојна конкуренција на големите играчи во индустријата на европскиот пазар – дали предлог како Tornado 348 ќе помогне за постигнување на оваа цел, останува да видиме.