За подготовка на овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:
2 поголеми домати
2 јајца
2 коцки фета сирење
2 ленти димена сланина
малку свеж магдонос
малку маслиново масло
оригано по вкус
сол, мелен црн бибер по вкус
Подготовка:
1. Добро измијте го доматот, па отсечете го врвот и извадете ја средината. Свртете го наопаку и добро исцедете го. Тепсијата обложете ја со хартија за печење, попрскајте со малку маслиново масло, па наредете го исцедениот домат.
2. Во секој домат ставете по една коцка сирење, како и половина сланина која што сте ја исекле на коцки.
3. Преку сето ова скршете ги јајцата.
4. Посолете, побиберете и зачинете со магдонос и оригано. Печете во рерна загреана на 200 степени, околу 20 минути.