Топла шолја чај никогаш немојте да ја пиете со овие намирници

Со постуденото време, почесто посегнуваме по шолја од омилениот чај, но важно е да знаете дека некои намирници не треба да се консумираат со оваа топла напивка.

Како што наведува фармацевтката и нутриционистка Дебора Грејсон, пиењето чај или кафе со одредена храна, како што се црвено месо и лиснат зелен зеленчук, може да ги зголеми шансите за развој на сериозен недостиг на хранливи материи.

Имено, хемикалиите во овие топли пијалаци ја спречуваат апсорпцијата на железото во организмот, а железото е минерал кој е од витално значење за трансферот на кислородот и му дава енергија на телото и го зајакнува имунолошкиот систем, пренесува „Дејли мејл“.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Пиењето чај со одредени намирници може да доведе до анемија, односно до сериозен недостиг на железо. Храната што не треба да се консумира со чај вклучува намирници богати со железо како што се стек и печено говедско месо, зелен зеленчук како спанаќ, брокула и кељ.

Студиите откриле дека голем број хемикалии во чајот и кафето можат да ја блокираат апсорпцијата на железо, вклучувајќи ги и полифенолите, за кои се смета дека штитат од воспаленија.

Симптомите на анемија може да бидат доста исцрпувачки, а вклучуваат екстремна исцрпеност, губење на косата и повторливи инфекции.

- Реклама -