Правилото за претстојната летна сезона е: сладоледот на стапче мора да биде неизоставен дел од вашиот ден. Може да си го направите и дома, доволно е само да набавите стапчиња и потребните материјал за подготовка. За двојно задоволство особено во вечерните часови, подгответе го сладоледот со малку вотка, џин или коњак.
Сладолед од грејпфрут, јагоди и вотка
Состојки: 500мл свежо цеден сок од грејпфрут, 12 јагоди, 125мл вотка
Подготовка: Ставете ги сокот и јагодите во блендер и испасирајте. Додадете ја вотката, почекајте 20-30 секунди па измешајте. Ставете ја смесата во калап за сладолед. На средината на сладоледот направете дупки со стапчињата. Оставете ги подготвените сладоледи во фрижидер шест часа. Потоа сипувајте малку топла вода околу стапчињата за да го извадите сладоледот од калапот.
Француска фантазија
Состојки: 330мл шампањско, 110мл коњак или џин, 110мл овошен сируп, 80мл свежо цеден сок од лимон
Подготовка: Измешајте ги сите состојки и смесата сипете ја во калапи.
Сладолед од боровинки
Состојки: 1 шолја боровинки, 1 шолја овошен сируп, 2 лажици свежо цеден сок од лимон, 1/3 шолја вотка
Подготовка: Исецкајте ги боровинките и испасирајте ги. Додадете ги сирупот и сокот. Измешајте. На крајот додадете ја вотката. Сипувајте ја смесата во калапи и додајте ги стапчињата. Сладоледот треба да отстои во фрижидер 4-5 часа.
Во продолжение погледнете го видеото како се подготвуваат овие слатки задоволства (рецептот на видеото не е ниту еден од горенаведените)
[youtube]http://youtu.be/lgmBhhvTJqQ[/youtube]