Гафовите на политичарите не престануваат да бидат главната забава на народот, па затоа Кампањата за јасен англиски јазик спроведе анкета во која 4.000 луѓе гласаа за најдобрите (односно најлошите) бесмислици на јавните личности. Така, Џорџ Буш како апсолутен светски првак во давање на бесмислени изјави се најде на првото место во оваа листа, а по него следи поранешниот актер и гувернер Арнолд Шванценегер.
Гафовите на политичарите не престануваат да бидат главната забава на народот, па затоа Кампањата за јасен англиски јазик спроведе анкета во која 4.000 луѓе гласаа за најдобрите (односно најлошите) бесмислици на јавните личности. Така, Џорџ Буш како апсолутен светски првак во давање на бесмислени изјави се најде на првото место во оваа листа, а по него следи поранешниот актер и гувернер Арнолд Шванценегер.
Првото место на оваа листа го освои човекот што си доби и лексикон за своите гафови – познатите бушизми, со изјавата од 2004 година, кога рече дека Белата Куќа прави сé за да му наштети на САД:
„Нашите непријатели се иновативни и досетливи, исто како и ние. Тие никогаш не престануваат да размислуваат за новите начини како да и наштетат на нашата земја и на нашите луѓе, исто како и ние.“ Оваа реченица се најде на првото место и во лексиконот со бушизми.
На второто место на листата на најбесмислени изјави се најде Арнолд Шванценегер кој во текот на изборната кампања во 2003 ги збуни присутните со реченицата: „Мислам дека gay бракот би требало да биде брак помеѓу маж и жена.“
Во топ 10 листата со гафови според наведената анкета следат:
3. „Секогаш ми се многу интересни извештаите кои говорат дека нешто не се случило, бидејќи како што знаеме, постојат познати нешта; постојат нешта кои знаеме дека ги знаеме. Исто така знаеме и дека постојат познати непознаници; т.е. знаеме дека постојат некои работи кои не ги знаеме. Меѓутоа, постојат и непознати непознатици; она што не ни знаеме дека не го знаеме.“ Donald Rumsfeld, поранешен секретар за одбрана, 2002
4. „Автомобилот во водство е апсолутно единствен, покрај оној зад него кој е идентичен на првиот.“, Murray Walker, коментатор на автомобилски трки.
5. „За оние кои го гледаат натпреварот на црно-бел телевизор, Спурси имаат жолти дресови.“, John Motson, британски фудбалски коментатор.
6. „Вкупниот трошок ќе продолжи да се зголемува и до пораст од нула проценти ќе дојде дури во 2013-2014 година.“, британскиот премиер Гордон Браун ја објаснува прерасподелбата на буџетот за судството во јули оваа година.
7. „Зависи од тоа во која смисла е употребено тоа „е“. Ако „е“ значи „е и никогаш не било’, тоа е една работа, а ако значи „не постои“, тогаш тоа е потполно вистинито тврдење.“, судска изјава на поранешниот американски претседател Бил Клинтон во случајот Моника Левински, 1998.
8. „Кога галебите го следат рибарскиот брод, тоа е затоа што мислат дека ќе исфрлаат сардини во морето.“, поранешниот француски фудбалер Eric Cantona на конференција за новинари во 1995.
9. Џорџ Буш се најде меѓу првите десет и со следнава мисла: „Знам во што верувам. Ќе продолжам јасно да зборувам за она во што верувам, а она во што верувам – верувам дека е правилно.“
10. „Не можам, а да не се согласувам со вас помалку.“, лондонскиот градоначалник Boris Johnson на сатиричното ТВ шоуто „Have I Got News for You“, 2003.