Пред нас е она време од годината, пост-Божиќно, кога целата еуфорија околу Нова Година е завршена, и сите се чувствуваат по малку… мрачно и истрошено.
За расположување, погледнете ( и прочитајте ) некои од најдобрите драматични приказни зачинети со многу сонце, тропска клима и егзотични локации.
The Beach Hut на Veronica Henry
Една вдовица е принудена да ја продаде својата колиба на плажа за да ги исплати огромните долгови, но никако не може да го заборави прекрасното сонце и забавата со семејството за време на долгите, топли лета…
The Beach на Alex Garland
Оваа книга доби и своја екранизирана верзија во која главната улога е на Леонардо Ди Каприо, а приказната следи еден млад турист, кој низ авантурите кои ги поминува доаѓа до „рајскиот остров“ кој е злокобно чуван од неговите жители…
The Book of Summers на Emylia Hall
Кога нејзината веќе оттуѓена мајка починува, Бет наоѓа бележник полн со магични фотографии направени од нејзината мајка за да ги запомни седумте прекрасни лета кои ги поминала во рурална Унгарија.
The Secret Life of Bees на Sue Monk Kidd
Една млада девојка бега од канџите на нејзиниот нападен татко и оди да живее со група на Афроамерикански жени на југот. Емотивна приказна која ќе ви го стопли срцето.
The Last Song на Nicholas Sparks
Кога Рони оди да го посети својот татко во неговата прекрасна куќа на океан, таа нема идеја дека тој крие тешка тајна, и дека токму таму, на златните песоци, таа ќе се заљуби…
The Best Exotic Marigold Hotel на Deborah Moggach
Група пензионери се прелажуваат да отидат во индиски пензионерски дом, кој не е ниту сличен со она што им е претставено на фотографиите. Дали можат да научат да се справат со културата, со луѓето и трошната куќарка која сега им е дом? Неверојатно смешно…