Летото е далеку зад нас и секој ден температурата е сѐ пониска, па време е да ги извадиме јакните и капутите од плакар.
Ова се топ пет видови јакни и капути што секоја жена мора да ги има во својот плакар.
Долго палто
Долгото палто е класично парче од женската гардероба. Како капут кој најмногу се користи во периодот кога почнува да се заладува ќе ве заштити од студот, но и ќе ве прикаже како познавач на модата. А, што е најдобро достапни се за сечиј џеб.
Кожна јакна
И ова парче гардероба најмногу се носи на есен или на пролет, кога настапува промена на годишните времиња. Кожната јакна е совршена за нагласување на вашиот изглед без да мора да носите капут во кој ќе ви биде прежешко.
Класичен волнен капут
Метеоролозите најавија студена зима. Класичниот волнен капут е одлично оружје против студот.
Елегантен капут
Секоја жена би требало да има елегантен капут во кој изгледа како да е спремна за работен состанок, а кој може да го носи во посебни прилики. Освен тоа што во него ќе изгледате елегантно и софистицирано, ова парче секогаш е во тренд и со него едноставно не можете да погрешите.
Впечатлив капут
Без разлика дали го одликува силна боја, необичен крој или богата текстура, впечатливиот капут би требало да биде дел од вашиот гардеробер со кој ќе привлечете супер комплименти.