Неодамнешната екранизација на славниот роман од Лав Толстој каде главната улога ја толкува Кира Најтли е најпозната во светски размери, но не и прва.
Култниот лик на девојката со сложена судбина, Ана Каренина е одигран од многу други диви на европската и холивудската кинематографија.
Во прегратките на офицерот Воронски, на екраните, се нашле Грета Гарбо, Софи Марсо, Вивиен Ли и познатата руска актерка Татјана Самоилова. Погледнете дел од фотографиите и проценете на која од нив шапката, здолништето од кринолин и растревожениот поглед им одговараат најмногу!