Топ 10-те држави со 70% од резервите на злато во светот

maxresdefault[1]

Златните резерви во светот, кон почетокот на февруари 2016, изнесуваа над 32.700 тони злато, според официјалните податоци на Светскиот совет за злато.

Уделот на еврозоната (заедно со Европската централна банка) изнесува 10.788 тони од вкупната количина.

Водечките 10 земји во светот, според златните резерви, поседуваат вкупно над 22.500 тони злато, или над 68% од вкупните резерви.

Првото место на листата е за САД, чии златни резерви изнесуваат 8.133 тони и сочинуваат над 72% од нивните резерви во странска валута.

Во првите 3 влегува и Германија, која го зазема второто место со 3.381 тони, и една финансиска институција – Меѓународниот монетарен фонд, кој е на третата позиција со 2.814 тони злато.

По над 2.000 тони девизни резерви имаат и Италија (2.451 тони) и Франција (2.435 тони), кои се рангирани на четвртото и петтото место, соодветно.

Со над 1000 тони златни резерви можат да се пофалат Кина (1.762 тони), Русија (1.392 тони) и Швајцарија (1.040 тони), кои се на шестото, седмото и осмото место на листата.

Во првите десет се и Јапонија и Холандија. Златните резрви на Јапонија изнесуваат 765 тони, додека оние на Холандија – 612 тони.

Ако ММФ се изостави од оваа листа, десетото место би било за Индија, чии златни резерви изнесуваат 557 тони.

- Реклама -