Топ 10 причини зашто Александар Македонски е славен

1247314222.jpg Сите сме чуле за него – големиот војсководец кој го освоил речиси целиот свет. Најголемата легенда од сите. Еве зашто бил легенда, еве зашто цел свет паднал пред неговите нозе – еве зашто Александар Македонски бил славен!

Сите сме чуле за него – големиот војсководец кој го освоил речиси
целиот свет. Најголемата легенда од сите. Еве зашто бил легенда, еве
зашто цел свет паднал пред неговите нозе – еве зашто Александар
Македонски бил славен!

 

Учел филозофија од Аристотел

top10_alex_aristotle.jpgКолку од легендарните историски големи водачи можат да
се пофалат дека еден од најголемите филозофи на сите времиња им бил
нивен личен тутор? Од сите интелектуалци на престижната Академија во
Атина, таткото на Александар – Филип, го одбрал Аристотел (384-322
п.н.е.) да му биде учител на неговиот 13 годишен син. На Аристотел, кој
бил ученик на Платон, му била понудена одлична плата за да се пресели
во градот Mieza, длабоко во македонските села. Таму Аристотел го учел
младиот принц географија, зоологија, политика и медицина. Александар
имал големо влијание од Аристотел – подоцна во неговите воени
достигнувања, тој земал научници со него и праќал растенија и примероци
од животни назад до неговиот поранешен ментор.

Го скротил коњот Букефал
top10_alex_bucephalus.jpg Филип, таткото на Александар, купил коњ наречен Букефал за огромна цена од 13 таленти (1 талент = 27кг. злато), но животното биле многу бесно. Александар забележал дека коњот се плаши и од сопствената сенка. Се обложил со неговиот татко дека тој може да го скроти. Го свртел Букефал кон сонцето, такашто неговата сенка била позади и тогаш Александар успеал да се качи на него и да галопира триумфално. Тогаш неговиот татко рекол: „Синко, мораш да најдеш кралство доволно големо за твоите амбиции. Македонија е премала за тебе“. Букефал останал со Александар до самиот крај, до неговата смрт во денешен Пакистан, борејќи се со слоновски бригади.

 Го презел престолот на татко му на немилосрден начин

tron.jpgТаткото на Александар, Филип, бил убиен од еден од неговите телохранители на свадбен банкет. Иако неколку луѓе мислеле дека Александар директно е вмешан во атентатот, тој не губел време за да ги отстрани неговите ривали, па дури и да и дава инструкции на неговата мајка, Олимпија, да го погуби синот на Филип од претходната жена. Александар ги поминал следните 2 години во заробување на робови во земјите освоени од неговиот татко. Градот Теба пуштил лажни гласини дека Александар е мртов. Не покажувајќи милост, Александар заклал или ги продал како робови 30.000 жители пред да го согори градот до темели. Со давањето на таков пример, немало позначајни бунтови во Грција додека траело 12 годишното освојување на Азија.

Го усовршил стилот на Македонската војска – Фалангата

falangax.jpgНајпознат елемент на Македонската воена машинерија била фалангата. Развиена од таткото на Александар, фалангата била тесна формација од војници, обично 16 по 16, носејќи штитови и шлемови, кои што имале 20 стапки долги копја направени од корнел дрво. Задните делови на фалангата ги држеле своите копја право високо, криејќи го движењето на силите позади линиите, додека предние редови го држеле непријателот на растојание со зид од остри копја. На рамен терен, фалангата била неуништлива. Александар исто така имал и стрелци, пешадија и коњаница. Благодарејќи на татко му, Александар имал многу професионална војска. Во раните времиња, за време на жетвата, Македонците престанувале да се борат, но Филип и Александар им плаќале доволно на луѓето за да можат да си дозволат да бидат војници цело време. Ова значи дека често биле тренирани подобро од нивните претходници.

Ги поминал Дарданелите
helespont.jpg Откако ги средил работите во Македонија и Грција, Александар погледнал запад кон Азија и кон Персиската Империја, која била под власт на Дариус Трети. Александар собрал сојузна грчка војска со 5.000 коњаница и 32.000 пешадија за да ја одмазди Персиската инвазија на Грција во 490 година п.н.е. Со 60 воени бродови, Александар го поминал Hellespont ( права линија која го двои Европа и Азија – сега наречена Дарданелите) во 334 п.н.е. Од неговиот брод, Александар фрлил копје до брегот. Кога првпат стапнал на Азија, тој го извадил своето оружје од песокот и рекол дека овие земји ќе бидат освоени од копјето. Но прво на редот бил туризмот:) Александар бил воодушевен од приказната за Тројанската војна – чувал копија од „Илијадата“ на Хомер под перница – па направил специјално патување во Троја за да изврши неколку жртвувања и да се направи размена за некои негови оружја за светиот штит во Храмот во Атина.


Го „олабавил“ Гордиевиот јазол
gordiev_jazol.jpgСпоред легендата, Фригијците, кои живееле во сегашна Турција, им било кажано од гатачка првиот човек кој ќе влезе во градот возејќи се на воловска запрега да го направат крал. И – првиот човек бил Гордие, сиромашен селанец. По прогласувањето, Гордие својата запрега ја посветил на богот Зевс и ја заврзал на столб надвор од храмот. Јазолот бил направен од дренова барка, што се стврднувал со текот на времето. Било кажано дека тој што ќе го одврзе ова, ќе владее со цела Азија. Александар неможел да пропушти таква прилика, но немале крај на јазолот од каде би можело тој да започне. Фрустриран, го расекол на половина со неговиот меч, викајќи: „Го разлабавив!“ Гордиевиот јазол оттогаш стана синоним за нерешлив проблем кој бара неконвенционално решение.

Боженствено: бил прогласен за син на Бог
sin_an_bog.jpgОткако ги поразил Персијците во битката кај Issus, Александар решил да влезе во Египет, кој бил под Персиска власт веќе 200 години. Египќаните ги презирале Персијците поради нивните големи даноци и религиската нетолеранција. Тие гордо го прогласиле Александар за свој фараон, иницирајќи културна размена меѓу Грција и Египет која траела наредните 300 години. Додека бил во Египет, Александар направил опасно патување низ пустината до храмот на Zeus Ammon.  Велат дека бил благословен со дожд. По неговото пристигнување, свештеникот му кажал дека е син на Zeus. Дали Александар верувал во својата боженственост или не – тој го „изиграл“ тоа во своја корист.

Ја основал Александрија
top10_alex_alexandria.jpg Покрај уништувајќи градови, Александар основал и 20 нови, именувајќи повеќетто од нив според него. Најинтересен од овие е Александрија, на брегот на реката Нил. Во сосема природна околина, каде што Персијците веќе еднаш издигнале тврдина, Александар им кажал на своите архитекти да изградат град парарелно со грчките линии. Александрија подоцна се развила во метропола, со школи, театри и една од најголемите библиотеки некогаш изградени. Грците го воделе градот, но на Египќаните им било дозволено да си ги задржат своите обичаи и религијата. Египќаните можеле да станат жители само ако научат грчки и ако ја прифатат грчката традиција.

Ги поразил Персијците
porazil_perisjcite.jpg Откако поминал помалку од една година во Персија, Александар продолжил да го брка персискиот император Дариус Трети.На рамницата Gaugamela, Дариус собрал војска од 200.000 војници, која вклучувала тешка пешадија и кочии со сечила кои им излегувале од тркалата. Александар имал само 47.000 луѓе, кои ја нападнале војската на Дариус, разделувајќи ја, а Александар тргнал право кон центарот. Персијците ги напуштиле своите позиции, а Дариус избегал со неговиот коњ, само за подоцна да биде убиен од еден од своите луѓе. Поразувајќи ги Персијците, Александар бил именет како крал на Азија. Тој ги заземал Babylon и Persepolis, персискиот главен град. Во обид да го почитува своето правило, тој се облекувал како Персијанец и се оженил со персиска танчерка со име Роксана. Неговите луѓе сметале дека е несвојствено што нивниот крал сметал дека треба да се испочитува поразениот непријател.

Ја проширил својата империја кон Индија, се забавувал – и умрел – како рок звезда

prosiril_imperija.jpgАлександровата визија за Азија била дека е тоа само другиот крај на Индија. Сакајќи да го освои континетот, тој им наредил на своите луѓе да маршираат кон Исток. Индискиот крал Пориус и неговите слонови паднале пред Александар, но времето и планините ги исцрпиле неговите луѓе. Тогаш станало јасно дека Азија е поголема отколку што се мислело. Бидејќи пателе, Александар ги собрал неговите луѓе и се вратиле назад. Но тој се решил за поинаква рута – долу по Индиските реки до океанот, па по брегот до Персија. Тоа најверојатно била најголемата грешка на Александар, бидејќи 15.000 од неговите луѓе умреле од изгладнетост или топлина во Гедрозиската пустина – повеќе отколку што умреле во битка. Патувањето паднало тешко и за Александар. На банкет во Babylon, тој многу пиел – како и вообичаено – и паднал болен со тешка треска. Најверојатно поради маларија. Умрел неколку дена подоцна, пред неговиот 33 роденден.

- Реклама -