Топ 10 погрешни филмски цитати

Ханибал Лектор Некои од најцитираните филмски реплики никогаш не биле кажани (или барем не во онаа форма во кои ги паметиме). Еве ја топ 10 листата на погрешни филмски цитати, според весникот Гардијан.


Некои од најцитираните филмски реплики никогаш не биле кажани (или
барем не во онаа форма во кои ги паметиме). Еве ја топ 10 листата на
погрешни филмски цитати, според весникот Гардијан.Ханибал Лектор

10. „Госпоѓо Робинсон, се обидувате да ме заведете?“

„Дипломецот“ (1967) – Цитатот во филмот воопшто не е прашање. Бенџамин донесува заклучок – госпоѓо Робинсон, се обидувате да ме заведете.

9. „Мислам дека веќе не сме во Канзас, Тото“

„Волшебникот од Оз“ (1939) – Вистинската реплика од филмот е малку поинаква и содржи далеку помалку сигурност. Кога Дороти пристигнува во Оз, вели – Тото, имам чувство дека веќе не сме во Канзас.

8. „Ако го изградиш, тие ќе дојдат“

„Поле на сништа“ (1989) – Во овој случај, постои блага варијација во цитатот. Вистинскиот е – ако го изградиш, тој ќе дојде.

7. „Искрено, Скарлет, не ми е гајле“

„Однесено со виорот“ (1939) – Рет Батлер често е погрешно цитиран со една од најпопуларните реплики на сите времиња. Тој не го спомнува името Скарлет во репликата. Наместо тоа имаме – искрено, драга, не ми е гајле.

6. „Транспортирај ме Скоти“

„Стар Трек: Филмот“ (1979) – Најпознатата реплика од овој филм, никогаш не е изречена во ниеден од серијата филмови. Она што Кирк го кажа беше – Скоти, транспортирај нè.

5. „Здраво, Кларис“

„Кога јагнињата ќе стивнат“ (1991) – Морничавата реплика изустена од Д-р Ханибал Лектор беше прилично различна од она што се памети. Тој рече – Добровечер, Кларис.

4. „Отсвири пак, Сем“

„Казабланка“ (1942) – Хемфри Богарт всушност никогаш не ги кажал овие зборови. Најблиску што дошол до нив било – Свиреше за неа, можеш да свириш и за мене. Ако таа можеше да го поднесе, можам и јас. Отсвири го!

3. „Се чувствуваш среќно, копиљ?“

„Валканиот Хари (1971) – Вистинската реплика е помалку заразна одошто се покажа оваа преработена верзија – мора да си поставиш едно прашање: дали се чувствувам среќно? Па, дали се чувствуваш, копиљ?

2. „Огледалце, огледалце на ѕидот, која е најубава од сите?“

„Снежана и седумте џуџиња (1937) – Секој ден кралицата се консултирала со своето огледало на ѕидот, но со зборвите – магично огледало на ѕидот, која е најубава од сите.

1. „Лук, јас сум твојот татко“

„Империјата го возвраќа ударот“ (1980) – Оваа безброј пати повторена реплика која Дарт Вејдар му ја кажува на младиот Лук Скајвокер, всушност никогаш не беше изречена. Во филмот, Дарт вели – не, јас сум ти татко.

- Реклама -