Овие мали жабчиња не се за бацување. Тие нема да се претворат во принц,
туку напротив ќе испуштат лигав неуротоксин кој ги убива предаторите.
Секоја жаба произведува доволно отров за да убие 10 луѓе. Во
продолжение, следуваат 10-те најсмртоносни животни на планетава.
Отровна Дарт Жаба
Овие мали жабчиња не се за бацување. Тие нема да се претворат во принц, туку напротив ќе испуштат лигав неуротоксин кој ги убива предаторите. Секоја жаба произведува доволно отров за да убие 10 луѓе.
Кејп Бафало
Кога ќе се соочи со предатор, кејп бафалото напаѓа со роговите. Тоа се 750 кг и два остри рога! Да не зборуваме како е кога напаѓа целото стадо(видовме овде што им се случи на лавовите).
Поларна Мечка
Поларната мечка можеби изгледа слатко во ЗОО, но таа јаде фоки и моржеви за доручек! Застанете помеѓу неа и малечкото и многу лесно може да ви отиде главата со само еден замав.
Африкански Слон
Не сите слонови се пријателски расположени како Дамбо. Слоновите убиваат повеќе од 500 луѓе годишно во светот.
Австралиски крокодил
Овој предатор ќе ви се приближи кога најмалку очекувате и ќе ве повлече во водата, со ротација на целото тело која го кине месото како хартија. Страшнооооо!!!
Африкански Лав
Кралот на џунглата, татко му на Симба… Што повеќе да се каже за оваа голема мачка? Лавот е перфектен убиец.
Бела Ајкула
Крв во водата може да ги возбуди овие ајкули, кои ќе ги употребат сите 3000 заби за да гризнат се што мрда.
Австралиска медуза
Оваа медуза во форма на голема шопска салата има повеќе од 60 долги пипци и дефинитивно не би сакале да ја имате на маса во кафана. Секоја од нив има доволно отров за да убие 360 луѓе.
Азиска Кобра
Кобра, кобра, кобра…Ова не потсеќа на Марион Кобрети – најјакиот човек на светот. Азиската кобра е најотровната змија на светот. Годишно поради неа се случуваат 50,000 смртни случаи.
Комарец
Многу негови убоди ќе направат да се почешате. Но, некои од нив пренесуваат маларија, предизвикувајќи паразити. Како резултат на тоа, овие мали штетници се одговорни за смртта на повеќе од 2 милиони луѓе годишно.