Нашата планета Земја има толку многу прекрасни природни чуда.
Некои од нив се поставени пред вашите очи, додека некои се тајно скриени под површината. Погледнете ја листата на овие неверојатни подземни бисери, кои обезбедуваат незаборавни искуство.
10. Величка рудник за сол, Величка, Полска
Рудникот за сол работи од 13-от век. Денес е музеј со над 1.2 милиони туристи кои го посетуваат местото поради неговите подземни атракции. Има подземно езеро, велнес комплекс, многу склулптури од сол, дури и врежена катедрала- сето тоа изработено од сол.
9. Солни рудници во Екатеринбург, Русија
Психоделичните ѕидови на слоевит карналит се наоѓаат под индустриски град. Живописниот спектакал на шарени минерали се наоѓа на 200 метри под површината. Сепак тој не е отворен за посета, освен со дозвола од владата.
8. Боунс Белоу, Велс, Велика Британија
Се наоѓа во Лечвед пештерите, објектот го обезбедува највозбудливото искуство на нишање на мрежа. Трите гигантски трамбулини се наоѓаат во 176-годишна напуштена рударкса пештера. Првото светко подземно игралиште е осветлено од шарените светилки, што го прави местото уште попривлечно.
7. Деринкују подземниот град, Кападокија, Турција
Врежан во мека вулканска карпа во 8-7 век п.н.е. од Бригите, градот порано служел како засолниште од инвазии. Градот е 60 метри длабок и е повезан со тунели. Може да бидат сместени повеќе од 20.000 луѓе. Денес поголемиот дел од него е отворен за туристи.
6. Снотс, Мексико
Длабоките природни дупки многу често се наоѓаат во Мексико. Светиот Снотс порано бил посетуван од страна на верниците, кои жртвувале предмети и понекогаш и луѓе.
5. Буминг ајс Шасм, Канадските карпести планини, Канада
Опасната пештера го заробува ладниот воздух кој влегува, но не изглегува, резултирајќи со неколку метарски дебел мазен мраз. Исто така, има неверојатна акустика. Сепак, само професионалци треба да се качуваат на овие ледени пештери, бидејќи и најмалата грешка ќе резултира со лизгање во ѕид.
4. Карлсбад пештера, Ново Мексико, САД
Се наоѓа во планината Гвадалупе, пештерата содржи огромни комори од варовник. Варовникот и сталактитите се насекаде во пешерите. Во центарот тие рефлектираат разни бои и ги пренесува посетителите во поинаков, магичен свет за некое време.
3. Стокхолм метро станица, Стокхолм, Шведска
Неофицијално познат како „најголемата уметничка галерија во светот“, метро станицата има некои возбудливи слики. Сликовитата рапава површина на ѕидовите и таванот даваат надреален впечаток на простор во оган. Првичната идеја е да се донесе уметност на јавноста со користење на јавниот простор разработен навистина добро.
2. Бату пештерите, Гомбак, Малезија
Популарниот рид од варовник има многу пештери и е свето место, посетувано од локаното население како и од туристите. Компексот од храмови се шири низ целиот рид. Подземните пештери содржат неверојатни формации од варовник и ретки животински видови.
1. Вејтомо пештерите, Кинг Кантри, Нов Зеланд
Вејтомо системот пештери е над 2 милиони години стар. Постојат спектакуларни пештери од варовник, но Глоуворм пештерите се најпрекрасните: Arachnocampa luminosa, големината на комарецот и најден само во Нов Зеланд и Австралија, зрачи во темница и создава уникатна глетка.